| четврток, 6 декември 2018 |

Купуваат само најскапо и ретко одат пешки: Што велат соседите за Јована и Жељко

Додека на големо се пишува и зборува дека брачниот пар Јоксимовиќ фрлил око на недвижност, куќа во елтиниот дел на Белград, вредна околу 2 милиони евра, засега тие се уште живеат во елитен станбен комплекс, а нивните соседи имаат само пофали зборови за нив.

Соседите велат дека водителката и пејачот во блиските продавнции пазарат само најскапи производи, и дека на соседите им се насмевнуваат, но не се дружат со никого од крајот. Мајката на Јована често ја сретнуваат  во прошетка со внукот Коста.

Водителката Јована и пејачот Жељко Јоксимвоиќ со години живеат во истиот елитен станбен комплекс во срцето на Белград. Нивните соседи велат дека и двајцата имаат скапи автомобили, дека уживаат во луксузот на својот станбен блок и дека за сите овие години ги имаат сретнато само неколку пати.

-Жељко е многу пријатен, секогаш се насмевнува, а ако некој го застане знае и да поразговара со него. Јована повеќе ја гледаме на телевизија отколку тука. Секогаш одат и доаѓаат со автомобил со кои одат во гаража, а потоа веројатно имаат лифт со кој се качуваат во станот-велат соседите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top