| четврток, 6 декември 2018 |

Зоран Заев ѝ овозможил бизнис за фамилијата вреден околу 2 милијарди денари

Правниот лавиринт создаден од Зоран Заев покажува како државно земјиште под владение на општината завршува во рацете на братот на премиерот Зоран Заев.

На акуцијата за земјиштето што ја прави Зоран Заев се јавува бизнис партнерот на Заеви Брндевски кој го купува земјиштетона аукција каде има единствена и најниска понуда. Тој уплаќа цели 700 илјади евра како физичко лице на сметка на општината и се стекнува со 8 парцели каде општината дозволува да се градат 8 нови седумкатници. Тој прави договор со фирмата на Вице Заев кој се потпишува во име на компанијата Тотал Инжинеринг, а Зоран Заев како градоначалник дава одобрение за градба.

Продажната вредност на парцелите е околу 2 милијарди денари. А Сашко Брндевски на Вице Заев му го отстапува земјиштето од една од парцелите за стан од 40 м 2. Тоа дава основен сомнжен дека Брндевски е само параванот зад кој се кријат Заеви

Договор за градење-

Одобрение за градба потпишано од Заев

Парцели купени од Брндевски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top