| четврток, 6 декември 2018 |

Макрон лут бидејќи англискиот ќе остане главен јазик во ЕУ по брегзит

Француските политичари на чело со претседателот Емануел Макрон се налутија кога Европската комисија сигнализираше дека англискиот ќе остане главен јазик во Брисел по брегзитот, и покрај обидите на Макрон да го замени со францускиот јазик, пишува британскиот весник „Дејли експрес“, а пренесува Макфакс.

Според новиот предлог, финансирањето на англискиот јазик ќе продолжи и по излегувањето на Велика Британија од Унијата следната година.

– Англискиот јазик најверојатно никогаш не бил поприсутен во Брисел како сега, во период кога разговараме за брегзитот – рече Макрон и вети дека ќе се бори за поголема употреба на францускиот јазик во институциите на ЕУ и пошироко.

Макрон инсистираше на тоа дека неговото залагање не е против употребата на англискиот јазик, туку повеќе за промовирање на повеќејазичноста.

Англискиот јазик е сè поприсутен во европските институции, посебно откако источноевропските земји станаа дел од ЕУ во 2004 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top