Екс вицепремиерот за евроинтеграции Васко Наумовски ќе биде амбасадор во Вашингтон, а актуелниот амбасадор во Хаг, Никола Димитров, ќе оди во Москва, објави „Дневник“.
За Белград, пак, избран е некој од пријавените на конкурсот за амбасадори и конзули што го објави Владата. Според информациите на весникот, Оливер Шамбевски ќе се префрли од амбасадата во Пекинг во Рим, амбасадорот Веле Трпевски од Тирана оди во Австралија, а амбасадорското место во Албанија ќе биде пополнето со Стојан Kарајанов, кој е амбасадор во Приштина.
Kонзулот во Солун, Тони Димитровски, како што велат извори на „Дневник“, треба да биде нов амбасадор во Љубљана, а актуелниот амбасадор од Љубљана, Игор Попов, се очекува да замине во Хаг, на местото на Никола Димитров. Според неофицијални информации на весникот, нов амбасадор во Загреб ќе биде пратеникот и поранешен министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, како што веќе објавија дел албански медиуми.
Амбасадорката во Хрватска, Даниела Kараѓозова, можно е да оди во Kанада. Kако нова амбасадорка во Виена се споменува сопругата на актуелниот амбасадор во НАТО, Мартин Треневски -Василка Треневска. Повеќето од старо-новите амбасадори за „Дневник“ не сакале да дадат коментар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



