| четврток, 6 декември 2018 |

Најчевска: Ценовник за вработување во државна институција има во ДУИ

Вака сега да ви кажам, јас се обидувам последниве 4 години да вработам Албанец, економист, со познавање на англиски јазик и менаџерско искуство и со магистратура, во мојот институт. И не успевам. Немало пари. А и има една голема мана – одлично го зборува македонскиот јазик, пишува на својот Фејсбук профил професорката Мирјана Најчевска по последните вработувања на кадри во државните институции.

– Очигледно за да бидеш вработен Албанец во државна институција во Македонија треба да си или со некој вид на интелектуална попреченост, или близок пријател на Али Ахмети, или насилник или слуга на партијата (најдобро – се заедно). Заборавив, има уште еден начин. Има ценовник на функции и на работни места. Даваш пари на Али Ахмети и си добиваш амбасадорско место. Чиста работа, додава Најчевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top