| четврток, 6 декември 2018 |

Рибери останува уште една сезона во Баерн Минхен

Францускиот фудбалер, Франк Рибери го продолжил договорот со Баерн Минхен и ќе остане во редовите на Баварците уште една сезона, јавува денеска Скај Германија.

Актуелниот договор на 35 годишниот Рибери истекуваше на крајот на оваа сезона, заклучно со почетокот на летниот преоден рок, но по се изгледа тој ќе одигра уште една сезона за Баерн М.

Рибери е во Баерн веќе 11-та година откако се пресели во Германија од Марсеј во 2007 година. Од тогаш на 385 натпревари постигна вкупно 117 погодоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top