Пред СВР Скопје – Полициска станица Центар денеска беше промовиран проектот “Полицајци -велосипедисти“. Од Општината информираат дека на почетокот на територијата на општина Центар ќе
патролираат шест полицајци, по двајца полицајци-велосипедисти во одделни реони.
Со ова, како што се наведува, ќе се подобри ефикасноста во извршување на секојдневните задачи и активности на униформираните полицајци во централното градско подрачје и ќе се придонесе и во борбата за заштита на животната средина.
Овој проект во иднина ќе се усовршува и надоградува со цел за подобар квалитет во безбедноста и сигурноста на граѓаните. Полицајците – велосипедисти треба да бидат главен двигател во имплементацијата
на проектот „Полицијата и граѓаните“ со нови стандарди и начини на комуникација и соработка, посочуваат од општината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст