| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се собира кабест отпад во Кисела Вода

Општина Кисела Вода од утре во наредните 20 дена ќе спроведе акција за собирање кабаст отпад. Преку секторот за месна самоуправа и социјална грижа ќе бидат ангажирани сезонски работници кои ќе работат на покревање на отпадот од поединечните месни и урбани заедници.

Од општината информираат дека секоја седмица ќе бидат опфатени по шест месни и урбани заедници.

Утре кабаст отпад ќе се собира во Пржино и Црниче, во четврток, во Цветан Димов и Бирарија, додека во петок на 11 мај во урбаните заедници Кисела Вода и Расадник. За останатите месни и урбани заедници кои ќе бидат опфатени во наредните седмици, жителите ќе бидат навремено известени преку општинската веб страница и месните и урбани заедници каде што живеат.

Општина Кисела Вода апелира до сите свои жители кабастиот отпад да го изложат во период од 07:00 до 11:00 часот на наведените датуми, пред своите домови, колективните згради на пошироките улици, на начин што кабастиот отпад нема да го попречува движењето на пешаците и возилата, како и местото да биде пристапно за возилата на Општина Кисела Вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top