| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва во Њујорк, сите ѕвезди на Мет гала

Институтот за костимографија на њујоршкиот музеј „Метрополитен“ вечерва го организира добротворниот престижен настан, со најголемите холивудски ѕвезди на црвениот килим, а од четврток до 8 октомври ќе ја организира изложбата посветена на влијанието на католичката религија врз модата, објавија организаторите.

Ватикан ќе му позајми околу 40 дела на музејот „Метрополитен“ во Њујорк за изложбата „Рајски тела: мода и католичка имагинација“ која ќе содржи предмети кои опфаќаат период од повеќе од 15 папства. Ќе бидат изложени предмети како прстени и круни, што ги носеле папите во 18. и 19. век, како и скапоцени предмети од Сикстинската капела, кои јавноста не ги видела досега. Дизајнери од Баленсијага до Долче и Габана на изложбата ќе бидат присатни со креации инспирирани од религијата.

Ендрју Болтон од Институтот за костими на Мет вели дека модата и религијата секогаш се инспирирани и влијаат една на друга.

Традиционална домаќинка на настанот е Ана Винтур, уредник на американскиот „Вог“ а во улога на кодомаќини годинава ќе се појават адвокатката за човекови права Амал Клуни, поп-ѕвездата Ријана и дизајнерката Донатела Версаче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top