
На магистралниот пат Охрид – Ресен, кај место познато како “Рибник“ кај с. Крушје, вчера околу 16.30 часот се случила тешка сообраќајка несреќа во која животот го загубиле 4 лица.
Сообраќајна незгода се случила помеѓу 3 возила – патничко моторно возило „Мерцедес“ со битолски регистерски таблици управувано од М.Р.(67) од Битола, патничко моторно возило „Ауди А4“ со битолски регистерски таблици управувано од С.Н. (34) од с.Вашарејва и патничко моторно возило „БМВ“ со охридски регистерски таблици управувано од И.Т.(27) од с.Лескоец – охридско.
Во незгодата од здобиените повреди на самото место починале возачот М.Р. и сопатничката во неговото возило М.Р.(65) од Битола, како и Д.С.(59) и Ц.С.(53) од с.Трновци, двајцата сопатници во патничкото возило “Ауди“. Како што соопшти вчера полицијата, станува збор за два брачни пара, едниот од Битола, а другиот од селото Трновци.
Смрт била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош од Ресен, додека возачот на “аудито“ С.Н била пренесена во Клиничката болница во Битола, каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидни екипи од Полициската станица Ресен и Полициската станица Битола. Телата на починатите биле пренесени во Клиничката Болница во Битола за обдукција. Сообраќајот бил во прекин од 17.00 до 20.30 часот. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


