| четврток, 6 декември 2018 |

Вашите години одредуваат во кој дел од денот сексот ќе ви биде најдобар

Експертите кажуваат дека јачината на либидото зависи од прериодот во денот и староста и дека не е сеедно во колку часот ќе имате секс. На пример за лицата кои имаа 30 години, најидеално време за секс е 08:20 часот.

Зависно од вашата старост, вашето либидо е на највисоко ниво во одреден период од денот. Телесниот часовник се менува со времето. Тој всушност го конторлира секој дел во телото, трилиони ќелии во вашето тело, тврди доктор Пол Кели, клинички истражувач од Униерзитетот Оксфорд.

Ова е оптимално време за секс за секоја возраст:

20 години – 15:00 часот

Др. Кели објаснува дека луѓето на 20 годишна возраст го достигнуваат врвот на сексуалната енергија во 15 часот.

30 години – 08:20 часот

Телесниот часовник во ова животно доба работи на тој начин што се будиме порано, па така раниот секс е одлична идеја. Др. Кели кажува дека ова време е идеално бидејќи сончевата светлина го засилува тестостеронот кај мажите и жените.

40 години – 22:20 часот

За луѓето на оваа возраст најидеално е да имаат секс пред да спијат. Луѓето кои се постари, порано си легнуваат да спијат, па др.Кели советува на малку страст после 22 часот.

50 години – 22 часот

За луѓето на оваа возраст не е утринскиот секс туку идеалното време е точно 22 часот.

60 години – 20:00 часот

За време на оргазам се ослободува окситоцин кој се нарекува и хормон на иднината. Бидејќи старите луѓе си легнуваат да спијат порано, најдобро е да имаат секс околу 20:00 часот.

70 години – 20:00 часот

И во овој случај важи теоријата како и ја 60-годишните луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top