| четврток, 6 декември 2018 |

Брат Љубе не може да носи инвестиции од САД – на црна листа е

Посебниот советник за странски инвестиции на премиерот Зоран Заев, Љубе Бошковски, се наоѓа на црната листа на САД.

Лицата на црната листа, според американските власти, претставуваат потенцијална опасност за националната безбедност и интересите на државата, а на предлог на Стејт департментот и министерствата за правда и финансии ја потпишува американскиот претседател.

Според официјални податоци, Љубе е дел од црната листа, па се поставува прашање, како премиерот Заев, планира да носи инвестиции од САД, кога неговиот советник има забрана за влез, прашува Лидер.

На листата освен претседателот на Обединети за Македонија се наоѓа и претседателот на ДПА, Мендух Тачи, пратеникот Џеват Адеми.

На оваа листа, од Македонија може да се сретнат имиња на повеќе македонски актуелни и поранешни политичари, паравоени команданти, но и лица што повеќе не се живи. Меѓу другите, на црната листа на САД се Изир Самиу – Баци, Невзат Халили, Џавид Хасани, Џемаљ Хусени, Реџеп Даут, како и Дилавер Бојку – Леку, кој беше застрелан пред неговиот ресторан „Аква блу“ во Струга.

На листата има лица инволвирани на фронтовите во Сирија, кои се поврзуваат со дел од терористичките организации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top