Сопружници на возраст од околу 60 години од битолското село Трновци загинаа попладнево со автомобил “ауди” во сообраќајната несреќа што околу 17 ч. се случи на патот Ресен-Охрид кај село Крушје, потврдија од полицијата за апла.мк.
Животот го загубија уште две лица во автомобил “мерцедес” со битолски таблички, но полицијата се уште нема податоци за нивниот идентитет.
Исто така, нема информација за повредени лица од овие два автомобила, како и во третото возило БМВ со охридски регистарски таблички, кое учествувало во несреќета.
Увидот се одвива отежнато поради временските услови, велат од полицијата.
Овој патен правец и натаму е затворен за сообраќај, а автомобилите се пренасочуваат по алтетнативни селски патишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст