| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе побара ли оставка СДСМ од Шилегов?!

Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ, и Љупчо Николовски, член на извршниот одбор на партијата на прес-конференција обвинија дека поплавите што се случија на почетокот на минатиот месец, се случија поради неодговорноста на поранешниот премиер, Никола Груевски, и на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. Ова се дел од изјавите на политичарите од СДСМ во 2016 година кога дожд го блокираше градот, беа поплавени куќи, невремето однесе животи.

Тогаш тие ветија дека за никогаш да не ни се повторат вакви штети од поплави, ќе изградат ефикасен систем за одбрана на Скопје од големи води.

-Ќе ги уредиме сливните подрачја, ќе ги исчистиме речните корита и каналскиот систем. Ќе го заштитиме Скопје од порои. Ќе ја санираме скопската обиколница, за да не ги поплавува куќите на жителите од Стајковци и од другите населени места – рече Манчевски, денес актуелен министер.

Тој додаде и дека во руралните места ќе го зголемат процентот на покриеност со атмосферска канализација, од 18 на 40 отсто.

Денеска се слуи потоп во Скопје. Поплавени улици, подвозниците се под вода.

Скопската обиколница повторно поплавена (ФОТО)

Скопската обиколница пак е поплавена. На истото место од каде што надојде водата пред речиси две години кога загинаа 22 лица, коловозот е затрупан со кал, камења и вода. Од големите вирови вода не се гледа дали има оштетувања на обновениот асфалт.

Кому денеска Дамјан Манчевски, Љупчо Николовски, и останатите политичари од СДСМ ќе му се обратат за одговорност. Пред две години бараа оставка од тогашниот скопски градонаалник Коце Трајановски. Ќе се обратат ли до скопскиот градоначалник Петре Шилегов кој спие на невремето?! За вечерва е најавен дожд… Дали дождот ќе ги изненади илегов и власите во државава?! Ќе побара ли оставка СДСМ од Шилегов?!

 

Шшшт ! Да не се разбуди Шилегов… Скопје е под вода, а комуналните служби ги нема никаде (Фото)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top