Страшна сообраќајна несреќа попладнево се случила на патот Гостивар-Кичево, а во која според неофицијални информации едно лице го загубило животот.
Од полицијата потврдуваат дека имаат пријава за сообраќајна несреќа помеѓу две возила „Рено Меган“ со гостиварски ознаки и „Опел Астра“ со дебарски таблички, случена околу 17:20 часот на овој патен правец, кај сепарациите. Детали од МВР не се откриваат, а полицијата повеќе информации ќе соопшти по завршување на увидот на местото на несреќата.
Според неофицијалните и првични информации до кои дојде Курир, во тешката сообраќајка животот го загубил возачот на Реното, а со повреди се здобиле жена и дете од истото возило. Две лица од Опелот, според неофицијални информации, исто така се повредени.
Сите повредени лица биле пренесени во гостиварската болница на укажување лекарска помош, но до овој момент нема детали за нивната здравствена состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст