Во вечерните и во ноќните часови се очекува стабилизирање на временската состојба, по невремето во делови од државата со поројни врнежи од дожд, проследени со грмежи и со засилен ветер. Имаше и појава на град во кумановско подрачје за каде има информација дека бил со големина на два сантиметра, соопшти Управата за хидрометеролошки работи (УХМР).
Оттаму информираат дека постепено влажната воздушна маса се поместила кон западните и југозападните делови на земјава, каде сеуште има поројни врнежи од дожд, проследени со грмежи и со засилен ветер.
Според УХМР, утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а сеуште локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни. Минималните темпартури ќе се движат од шест до 13 степени, а максималните од 20 до 29 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне со услови за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурата од 13 до 26 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Во вторник и в среда појавата на пороен дожд и грмежи ќе биде поретка и со послаб интензитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст