Наспроти декларативните настојувања на Владата за транспарентност која спаѓа во рубриката гол популизам, денес дознвме дека Танушевци било “заробено”, па потоа “ослободено”. Дека за да се добие позиција во владата треба да се зароби некое село или град, и дека тоа се критериуми за напредок, а не професионалните компетенции, какво образование или минат труд има зад себе. СДСМ и во овој мандат си го пронајде новиот Красничи, но овој пат награден и со позиција во владата. Ова е време кога имаме целосна ерозија на принципите и вредностите. Сите говорат, но владата молчи… а молчат затоа што тонат во сопствената жива кал. Владата, Премиерот и Министерот за внатрешни работи должат одговори… и треба да се свесни дека бргу ќе дојде денот кога за се ова што им прават на граѓаните и на нашата држава ќе понесат одговорност, бидејќи мора во нашата држава конечно одговорноста да има име и презиме, ова на својот Фејсбук профил го напишла лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски повикувајки на одговори кои власта мора да ги даде, а не да молчи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст