| четврток, 6 декември 2018 |

Медицинските сестри со барање до Филипче: Повисоки плати, напредување во кариерата и подобри услови за работа

Повисоки плати, можност за напредок во кариерата и подобрување на условите за работа – медицинските сестри ги испорачаа своите барања до здравствените власти. Велат со години наназад се соочуваат со истите проблеми.

– Паѓа бројот на медицинските сестри во здравствените установи од различни причини, пензионирање, заминување надво0р, преквалификации – изјави Велка Гавровска Лукиќ – Медицинска сестра и Претседателка на ЗМСТАМ.

Лејла Асани, медицинска сестра во Здравствен дом Скопје смета дека имаат ниски плати се мали и треба да се направи нешто и да се цени трудот на сестрите.

Ваквите состојби ги тераат сестрите работа да бараат надвор од земјава. Алармантен е одливот на медицински кадар – велат од здружението.

– Опрема не ни недостасува, добивме голема донација, да се доекипираме и да имаме поголем успех.“ – изјави Тања Трајковска – медицинска сестра на одделение за интензивна нега во Клиника за гинекологија и акушерство.

Министерот Филипче ветува дека платата и натаму ќе се накачува, а ќе има и нови вработувања.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top