Топлото време и потрагата по храна ги симна змиите од Водно во градот.
Жители од улицата “Славејко Арсов” велат дека деновиве имале неколку несакани средби со влекачи.
Возејќи велосипед жител од оваа улица видел како нешто му се замотало околу тркалото. Кога застанал, видел дека е змија.
– Ме изненади, но не се исплашив многу. Сепак се плашам за децата. Мали деца си играат овде, тие не разликуваат што е врвка што е змија. Општинските служби треба да бидат поажурни во косење на тревата, а комуналците во чистење на шутот и ѓубрето. Сепак на Водно има градежна експанзија и многу места каде што змиите може да најдат скривалиште. Но барем каде што може по јавните површини комуналците навреме да ја косат тревата, вели скопјанецот кој се соочил со змијата.
Познавачите на влекачи велат дека нормално е кога змиите се будат од зимски сон во потрага по храна да се симнат и во градот, особено во периферните делови на градот.
– На 21 и на 22 март падна снег, а сезоната на будење на змите беше започната. Не сите змии одеднаш излегуваат. Но заради снегот опаднаа температурите и змиите тој период се вратија назад. Сега откако нагло се стопли времето има зголемена појава на сите видови влекачи и веќе сите се излезени. Од 15 март до 15 октомври на змиите им е процес на хранење и парење. Од април до јуни им е парењето. Ова е нивно нормално однесување, не се поагресивни. Од 16 видови змии кај нас само пет се отровни, а од нив само поскокот е директна закана и може да доведе до смртни последици и веднаш треба да се побара помош. Смоковите кои најчесто ги има низ градот се безопасни, вели Богољуб Стеријовски, херпетолог од Македонското еколошко друштво.
Во урбаните средини змиите се симнуваат ако има извор на храна, глувци и стаорци. Стеријовски препорачува доколку граѓаните видат змија во широк круг да ја заобиколат и да не ја фаќаат. Дворовите да им бидат искосени, шутот да е отстранет. Во природа да се носат соодветни затворени чевли и долги панталони, да се гледа каде се седнува и каде се ставаат рацете. За разлика од смоковите, поскокот има рокче на главата по кој може граѓаните да го распознаваат.

Змија населба Карпош

Арената „Филип Втори“ змијарник: На трибината со сопругите на гостите навивале и отровници (ФOTO)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


