| четврток, 6 декември 2018 |

Вонредна прогноза на Метеомакс: Тодор доаѓа со поројни дождови и град

Циклонот ТОДОР ова попладне во западната половина на државава услови развој на нестабилност проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град проследен со електрични празнења.

Овој циклон понатаму ќе се интензивира и за време на викендот кој ни следува особено околу пладневните како и во попладневните часови на повеќе места ќе условува развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, поголемо количество на воден талог, силни електрични празнења, засилен ветер и град.

Сето ова може да услови и локални поројни поплави.

Со ова нашата територија влегува дури во ПОРТОКАЛОВА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ФАЗА.

Останува и натаму топло со ралативно високи температури на воздухот.

Граѓаните ги предупредуваме доколку се појават електрични празнења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрва додека вочарите своите стада да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top