| четврток, 6 декември 2018 |

Семејството на Јане Ченто нуди гаранција во недвижен имот

И Јане Ченто бара со гаранција да излезе од притвор. Нуди имот за да се брани од слобода. Неговата мајка пред истражниот затвор во Шутка повика по примерот на дел од останатите обвинети за Крвавиот четврток судот да ја прифати гаранцијата. Kаков имот нуди и во колкава вредност не откри.

Пред еден месец судот го врати Јане Ченто во притвор откако полицијата утврдила дека го нема во неговиот дом, иако издржуваше мерка куќен притвор. Според полицијата бил во кафуле во центарот на Прилеп каде живее, но неговата мајка негира. Убедува дека доказ е видео материјалот сниман од камерите кои ги имаат дома. Се сомнева дека има позадина во неговото враќање во притвор.

Инаку до сега судот ја прифати гаранцијата само на екс началникот на БЈБ Митко Чавков, кој со 600 илјади евра успеа да излезе од притвор. За сега во затворски притвор се останатите осомничени кои се вработени во МВР и претседателите на патриотските здруженија.

За Душко Лазаров од МВР кривичен ја прифати гаранцијата, но апелација ќе треба да одлучува. На Митко Пешов судот ја одби понудената гаранција за да излезе од Шутка во домашен приттвор.

извор: Телма.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top