Жителите на населените места околу депонијата Дрисла денеска протестираа пред влезот на депонијата поради одлуката на градот Скопје и градоначалникот Шилегов во Дрисла да се носи ѓубре и од повеќе градови во Македонија, а со тоа ќе се зголеми загаденоста на градот Скопје, особено штета ќе имаат населените места Батинци, Драчево, Пинтија и околината.
– Општо е познато дека депонијата Дрисла уште пред да се изгради властите не ветија дека таа ќе биде регионална депонија, меѓутоа деновиве наназад се носи депонија и од Тетово, Гостивар и Струга што значи по се изгледа дека сакаат да ја направат централна депонија на ниво на држава. Општо е познато дека водите од планините водат кон низините, а сите знаат дека драчевското поле е обработливо земјиште и таму со децении наназад се произведуваат градинарски култури и можам да кажам дека Драчево е еден од главните дистрибутери на градинарските култури кои што го храни Скопје и околното население. А ова наводнување со подземни води носи разни болести врз градинарските култури особено откако се зголеми ѓубрето во депонијата Дрисла, вели еден од револтираните жители кои денеска излезе на протестот.
Тој додава дека ако се носат ѓубрињата од другите градови ќе се зголеми и капацитетот на загаденоста во почвата и градинарските култури. Освен ова тој вели и дека деновиве се чувствува и голема непријатна миризба и ареа низ целиот овој регион.
Граѓаните велат и дека протестот ќе продолжи и во наредните денови помасовно и тие упатуваат апел до сите граѓани до околните населени места да излезат и се приклучат на протестот.
– Сакаме власта да ја прашаме надвор од работно време што бараат шлепери да носат сомнителен товар? Полицијата треба да се заинтересира и да преземе мерки. Доказ дека е загадено е реката Маркова река која е загадена и нема жив растителен и животински свет во неа. МВР, секторот за организиран криминал како и Министерството за животна средина ги прашуваме што бараат шлепери во ноќни саати во Дрисла, потенцира еден од револтираните жители кои денеска протестираа пред влезот на депонијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст