Данок на престој е новиот данок што македонските туристи ќе го плаќаат при претстој во Грција. Тој се движи од половина евро до четири евра, во зависност од видот на сместувањето. Токму за овој износ ќе бидат повисоки цените во Грција во изнајмените апартмани и хотелите. Данокот на престој стапи во сила на почетокот на годинава.
На оваа тема деновиве за грчките медиуми даде изјава претседателот на федерација на хотелиери и претседател на Сојуз на хотелиери од Халкидики, Григорис Тасиос, кој објасни дека оваа туристичка такса се однесува за соба, а не по лице и затоа се вика данок на престој, а не данок на ноќевање.
– Данокот на престој е на товар на туристите со нивното пристигнување. Се однесува и на хотелите и на изнајмените апартмани и соби. Висината е во зависност од категоријата. Половина евро за изнајмените соби и апартмани и за хотелите од 1 и 2 ѕвезди, 1,5 евра на ден во хотелите со 3 ѕвезди, 3 евра за 4 ѕвезди и 4 евра во хотелите со 5 ѕвезди, објаснува Тасисо.
Оваа туристичката такса, именувана како данок на престој, беше изгласанa на 22 мај 2016 заедно со сет други мерки, во висина од 1.8 милијарди евра кои беа дел од обврските на Атина кон кредиторите. Одлучено било таксата да стапи во сила на 1 јануари 2018, при што се очекува дополнително да ја наполни грчката каса.
Македонските туристи кои планираат викендите или пак летните одмори да ги поминат во Грција, ќе треба да ги земат предвид и патарините кај јужниот сосед. Засега, за Халкидики и Солун, постои само една патарина, веднаш по преминувањето на границата на грчка страна, во висина од 1.80 евра.
За наводна еколошка такса и еколошки данок на Халкидики што ќе се наплаќа во текот на летниот период, тој демантира и вели дека останува по старо. Инаку за патувањето со автомобил до Атина, туристите ќе треба да одвојат околу 37 евра за патарини, само во еден правец.
И покрај тоа што во просек цените во Грција за летово зголемени за 10 % македонските тиристи не се откажуваат да летуваат кај Егејскиот брег. Туристичките агенции велат дека продажбата на аражманите за Грција е во полн ек и според нив од 70 до 80 отсто од нив се продадени. Според нив, политиката и спорот со името не влијае на нивната одлука да не заминат на годишен одмор, пред се заради близината на морето.
(извор – Вечер прес)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст