| четврток, 6 декември 2018 |

Во тешка сообраќајка загинаа сопственик на телевизија и камерман (ФОТО)

Во директен судир со автобус загинаа Мишула Петровиќ, сопственик на телевизијата „Галаксија 32" од Чачак и неговиот камерман Драгослав Јевремовиќ.

Петровиќ, познат музичар и сопственик на телевизија и неговиот сопатник во „шкода октавија“ загинале околу 15.45 часот кај Младеновац во директен судир со автобус. Вo несреќата се повредени пет патници и сите се згрижени во белградскиот Ургентен центар.

sudar-kod

Несреќата се случила откако „шкодата“ неочекувано преминала во спротивен правец и се забила во автобусот кој сообраќа на релација Младеновац – Белград.

sudar-ko

– Ударот беше толку силен што „шкодата“ е потполно уништена и дојде до мал пожар во пределот на моторот. Погледот беше морничав бидејќи луѓето во автомобилот беа многу повредени – вели еден очевидец за српски „Курир”.

su

Петровиќ се наоѓал на местото совозач во „шкодата“ и тој од здобиените повреди починал на самото место. Тешкоповредениот камерман од уништениот автомобил го извлекле пожарникари, а им подлегнал на повредите во возилото од Итната помош, на пат кон белградскиот Ургентен центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top