Македонија денеска одбележува 115 години од смртта на револуционерот Гоце Делчев, кој на денешен ден во 1903 бил убиен од турската војска во селото Баница, на пат кон Сер. Одбележувањето започна со панихида на гробот на Делчев во црквата „Свети Спас“ каде што делегации на повеќе институции му оддадоа почит и положија цвеќе.
Делегацијата на Владата на Република Македонија ја предводеше премиерот Зоран Заев, а во нејзиниот состав беа министрите за труд и социјална политика Мила Царовска и за култура Роберт Алаѓозовски, како и вицепремиерот задолжен за евроинтеграции Бујар Османи.
Цвеќе пред гробот на Гоце Делчев положија и делегации од кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Собранието, Армијата, Сојузот на борци, претставници на политички партии, на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип…
Панихида во спомен на македонскиот револуционер одржа поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан.
Гоце Делчев, визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.
Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. По убиството, неговите посмртни останки првин се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст