| четврток, 6 декември 2018 |

Морбидна желба: Фудбалер на Ливерпул сака да го убие Роналдо

Иако има уште многу до финалниот меч од Лигата на шампионите, атмосферата веќе сега почнува да се загрева.

За тоа се погрижи и фудбалерот на Ливерпул, Алберто Морено кој јавно изјави дека сака да го убие Кристијано Роналдо.

„Да имам можност, би го убил Роналдо во пресрет на финалето од Лигата на шампионите. Немам зборови да го опишам тој натпревар. Тоа е огромно достигнување за нас и веќе размислуваме за титулата”, изјави Морено.

Ливерпул ќе игра во финалниот меч првпат по 11 години, а ќе се бори за шестата титула со што ги поминал Баерн и Барселона и би застанал на третото место на вечната листа зад Реал и Милан.

Извор: Спортклуб

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top