Кавадарци ќе субвенционира купување велосипеди, двеста илјади денари од општинскиот буџет се определени за таа намена. Локалната самоуправа денеска го објави јавниот повик, а субвенционирањето има за цел да ги стимулира граѓаните за користење на велосипеди.
– Субвенции ќе се даваат се до потрошување на предвидените средства од буџетот. Средствата што ќе ги надоместува општината се во износ од 50 проценти од цената на велосипедот, но не повеќе од 4.000 денари нето износ по лице, информираат од Службата за односи со јавноста при општината.
Право на учество на јавниот повик имаат жителите на Кавадарци, кои ќе купат велосипед до исцрпување на буџетот наменет за таа намена, но не подоцна од 31 декември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст