Ако Грците бараат фер компромис да нема иредентизам од наша страна кој реално го нема, треба и ние во рамките на тие преговори и да бараме малку посериозна дебата во Грција и контрола на такви изјави, бидејќи не е нормално во Парламентот на Грција да се поставуваат такви иредентистички прашања, а потоа да се говори дека Република Македонија има територијални претензии кон Грција, изјави професорот по историја на Филозофски Факултет, Далибор Јовановски во емисијата 360 Минути на Алфа Телевизија
– Грците нас цело време ни сервираат една приказна дека нашата држава преку образовниот систем, преку настапот на политичарите, преку Уставот иако не знам каде го има иредентизмот во Уставот, постојано има територијални претензии кон Грција. Јас имав колумна во која јасно покажав каде има иредентизам, односно во Грчкиот Парламент, во дискусиите, во одговорот на поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Друцас, вели Јовановски.
Тој потенцира дека во Република Македонија ниту во Парламентот ниту пак наш министер за надворешни работи има дадено јавна изјава каде се вели дека државата Република Македонија ги финансира организациите на Македонците во Република Грција, додека кај нив тоа го има и се говори дека Битола и Струмица се грчки градови. Според него ние како држава мора тоа јавно да го кажеме.
– Иредентизмот им остана како единствен аргумент, немајќи друг аргументи, заради странскиот фактор, покровителите и медијаторот, Грците постојано говорат за некаков иредентизам и тоа е јасно нагласено и на веб страната на грчкото министерство за надворешни работи. Иако во пресудата од Хаг јасно е ставено до знаење дека Република Македонија нема никакви иредентистички политики кон Република Грција, нагласува професорот Далибор Јовановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст