| четврток, 6 декември 2018 |

Затворени 900 ресторани – Пропаѓа еден од најпопуларните ланци за брза храна

Еден од најпопуларните ланци за брза храна во светот, Сабвеј, во моментот се наоѓа пред најголемиот предизвик во својата историја. За време на минатата година, тие морале да затворат дури 909 филијали во Соединетите Американски Држави, а оваа години планирано е затворање на уште 500.

Во овие тешки моменти за компанијата, од Сабвеј излегува и Сузан Греко, генералната директорка на компанијата која таму помина цели 45 години. Таа е сестра на покојниот коосновач на Сабвеј, Фред ДеЛук.

Сопствениците на франшизата сметаат дека со нејзиното заминување е вистинско време компанијата да го промени начинот на работење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top