Во април 2018 година, првпат, пациентите со Хроничната Миелоидна Леукемија (ХМЛ) од Мекедонија добија можност за лечење со нов специфичен, посупериорен лек, второ-генерацискиот препарат „Нилотиниб“. Со овој препарат е обезбеден поефикасен третман за болните со ХМЛ, особено за оние кои немаат задоволителен тераписки одговор на прволиниската терапија со препаратот Иматиниб. Средствата за лекот се обезбедени од Министерството за здравство на Република Македонија во соработка со Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија (МАЛМЕД), соопштија од Универзитетската клиника за хематологија.
На Универзитетската Клиника за Хематологија во моментот се лекуваат 120 пациенти со Хронична Миелоидна Леукемија (ХМЛ), а годишно се дијагностицираат во просек 14 нови пациенти. Од септември 2011 година, прволиниска терапија за сите пациенти со ова заболување во Р.Македонија е лекот Иматиниб, кога современата терапијата за ХМЛ стана достапна и за нашите пациенти.
Достапноста на второ-генерацискиот препарат Нилотиниб, за пациентите со ХМЛ ќе обезбеди поефикасен третман за оние пациенти со ХМЛ кои немаат задоволителен тераписки одговор на препарат Иматиниб. Терапијата за почеток е достапна за 20 болни и ќе обезбеди подобра контрола на болеста кај болните кои не реагираат оптимално на терапијата со Иматиниб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст