Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје во Штип се уште работат на анализите по вчерашното пријавено масовно труење на осуммина свадбари. Таткото на невестата Влатко Атанасов вели дека првиот случај на труење од неговата свадба е кај 20-годишно момче, кое во понеделникот во тешка здравствена состојба е донесено на инфективното одделение во Клиничка болница Штип, а од вторникот до вчера во иста здравствена состојба се и останатите гости, кои се хоспитализирани во болницата, исто така и гостинка на нивната свадба од Италија, која веднаш си заминала, завршила во болница во Италија.
Атанасов вели дека свадбата ја правел во неделата во кочанското село Грдовци, свадбеното мени му е обезбедено преку кетеринг, односно од истата кочанска фирма, која ги диструбирала пирошките и на останатите свадби во Штип и во Кочани.
Случајот е пријавен, а инспекциите веќе ги имаат и направено контролите кај добавувачот, каде се пронајдени залихи од пирошки, а за што епидемилозите посочија дека се причината за бактеријата салмонела.
Таткото на невестата најави дека ќе поднесе и приватна тужба против лицето, кое е сопственик на кетеринг службата. Вкупниот број на затруени лица од пет одделни свадби во Штип и Кочани официјално изнесува 29 лица/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст