| четврток, 6 декември 2018 |

Собранието го донесе Законот за финансиска поддршка на инвестициите

Собранието на Република Македонија  денеска на првото продолжение на 45. седница го донесе Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев образложувајќи го законот рече дека тој ќе биде на задоволство на целокупната економија во Македонија.

Овој закон, како што рече, е плод на многу дискусии во државата, на повеќе анализи направени во државата, пред се од Светска банка, од стопанските комори, од Виенскиот економски институт и сите тие се земени предвид и се обидовме да направиме сет на мерки кои ќе бидат максимално транспарентни и поддржувачки за сите. Додаде дека овие мерки се поддржувачки подеднакво за домашни и за странски инвестоитори, кои со овој закон се изедначени.

– Аплицирањето за овие мерки е транспарентно и во соогласност со одредени критериуми….Се работи за компании кои задоволуваат два основни критериуми – да иматат пораст на приходите во тековната година во споредба со претходните три години и второ, тие компании да не намалуваат број на вработени, освен во текстилната и кожарската индистрија каде овие критериуми ги олабавивме за да може тие индустрии да бидат опфатени, рече Анѓушев.

Тој информира дека единствени корисници на овој закон ќе бидат компании кои се производно ориентирани. Се дефинира дополнително дека таму каде што се добавувачи се мисли на производители и никој не мисли на трговци. Во законот ќе има доволно средства за сите компании кои ги задоволуваат критериумите, а тоа е направено врз база на математички модел и врз симулација која е прецизно направена од надворешни личности.  Законот, како што рече, е максимално компатибилен со Законот за државна помош.

Анѓушев потенцира дека никој во Владата не е против странските инвеститори, но оти не се согласуваат со начинот на кој претходно се трошени парите за поддржување странски инвеститори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top