| четврток, 6 декември 2018 |

Голема предевровизиска забава во Скопје во пресрет на Евровизија

За сите љубители и фанови на најголемото европско музичко натпреварување, во петок (4 мај) ќе се одржи голема предевровизиска забава во Скопје.

Настанот ќе се случува во „Нано Бар“ во Дебар Маало, а почетокот е во 21:30. На забавата ќе се слушат сите најголеми евровизиски хитови, вклучувајќи ги и македонските учесници низ годините, а посетителите ќе имаат можност да уживаат и во новите песни од Евровизија 2018.

Влезот е бесплатен, а добредојдени се сите фанови кои го следат овој музички натпревар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top