| четврток, 6 декември 2018 |

Украле автомобил во Гостивар, па со него извршиле разбојништво – Тројца тинејџери ги ограбиле Јапонците кај Катланово

По завчерашниот случај на разбојништво врз двајца јапонски државјани, што се случи околу 15.00 на локалниот пат од с. Катланово кон село Брезница, СВР Скопје информира дека по превземените интензивни оперативни активности ги идентификуваше тројцата напаѓачи, од кои што двајца се веќе приведени.

Се работи за тројца малолетници од Велес на возраст од 15 до 17 години, кои што истиот ден во Гостивар одзеле патничко возило “Форд мондео“ со гостиварски регистарски таблички, кое што го употребиле неколку часови подоцна во извршувањето на разбојништвото. СВР Скопје, по целосно документирање на случајот против лицата ќе поднесе соодветни кривични пријави.

Како што МВР претходно ја информираше јавноста, напаѓачите откако ги пресретнале јапонските државјани кои со велосипеди се движеле на локалниот пат од с.Катланово кон с.Брезница, физички ги нападнале, и им одзеле 3 000 евра, патни исправи, кредитни картички и еден мобилен телефон „Ајфон“, притоа нанесувајќи им на оштетените тешки телесни повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top