Индискиот милијардер Субрата Рој, кој престојува во посета на Македонија денеска ќе биде примен од претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов во претседателската вила „Водно“.
Субрата Рој вчера беше во Охрид за да ги претстави плановите за инвестирање во Македонија и ја посети локацијата кај Љубаниште каде што треба да гради туристички комплекс на крајбрежјето на Охридско Езеро.
Рој, за време на престојот, ќе разгледа и други инвестициски можности во земјава во областа на земјоделството, туризмот и други економски сектори.
Домаќин на Субрата Рој е вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст