Пратениците изгласаа повеќе закони, меѓу кои законот за високо образование, и измените и дополнувањата на законите за судовите, за Судскиот совет, за оружјето, за безбедноста во сообраќајот на патиштата и други. Законот за високо образование беше донесен со 61 глас „за“ и 24 „против“. Тој неколку пати беше менуван пред финалната верзија и треба да ја гарантира универзитетска автономија, која студентите, во претходните години ја бараа со масовни протести и окупација на УКИМ.
Собранието на Република Македонија попладнево не продолжи со работа по 45. седница поради технички причини.
Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери на почетокот на попладневниот дел од денешната седницата кажа дека се прекинува поради технички причини и немање електрична енергија во одредени делови од градот.
– Поради дефекти во градот Скопје, надвор од Собранието, тука ја прекинувам работата и ќе продолжиме утре во 11 часот, изјави Џафери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.