| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот Иванов на средба со бугарскиот колега Радев в недела во Дојран

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во недела (6 мај) во Дојран ќе оствари средба со бугарскиот претседател Румен Радев, којшто ќе престојува во работна посета на Република Македонија, информираат од Кабинетот на македонскиот претседател.
– Република Македонија и Република Бугарија имаат континуиран политички дијалог и одлични
билатерални односи што ги карактеризира традиционално пријателство, беше заедничката констатација на двајцата претседатели, за време на официјалната посета на претседателот Радев на Република Македонија во февруари годинава.
Шефот на македонската држава Ѓорге Иванов на покана на бугарскиот претседател Радев во јуни ќе престојува во возвратна официјална посета на Република Бугарија, велат од Кабинетот на Иванов.
Бугарскиот претседател Радев на 6 мај ќе присуствува на Комеморативна церемонија во Ново Село.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top