| четврток, 6 декември 2018 |

По 12 години борба за дете, познатиот политичар го доби најубавиот подарок токму на годишнината

Поранешниот српски министер за надворешни работи и претседател на Народна странка, Вук Јеремиќ објави на својот Инстаграм и Твитер профил прва фотографија од својата ќерка Софија.

Тој и неговата сопруга Наташа Јеремиќ станаа родители на 29 април.

Она што е интересно е дека малечката Софија е родена токму на годишнината од венчавката на Вук и Наташа.

Наташа се породи во приватна клиника во Њујорк и на свет донесе ќерка. Целата бременост таа ја помина во САД каде за неа се грижеа сестрата на Вук, Сенка која таму живее со сопругот и двајцата синови и мајката на Вук, Сена која уште пред месец дена дојде во Њујорк да помогне.

Само потесното семејство знаеше дека Наташа е бремена. Јеремиќ не сакале да им кажат да на пријателите, за да не ја подречат. Тие 12 години беа во брак и немаа деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top