„Неуката е 1000 пати поскапа(на) уката“ и „Образуваме деца за туѓи бели дворови“ се транспарентите што може да се забележат на денешниот Првомајски протест што го организира Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ).
Протестот почна на скопскиот плоштад Карпошово востание каде околу 10,30 се собраа повеќе луѓе, повеќето новинари, сниматели и фоторепортери.
Според најавата на ССНМ, учесниците на протестот ќе маршираат од Карпошово востание до Собранието и до Владата за да ја испратат пораката дека новинарството не смее да биде слабо платена и несигурна работа.
– Македонските новинари и медиумски работници се платени под државниот просек, не се инвестира во работната сила, а менаџерите воопшто немаат проблем да говорат за медиумите само како за бизнис, заборавајќи ја нивната општествена улога и одговорност, стои во повикот на ССНМ до граѓаните за што помасовно учество на протестниот марш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст