| четврток, 6 декември 2018 |

Се спрема летен ремонт во Наполи: Си заминуваат Сари, Мертенс и Кулибали?

По поразот од Фиорентина, станува се појасно дека Наполи ќе ја загуби трката за шампионската титула во Серија А со Јувентус, а По се изгледа тоа ќе предизвика ремонт на тимот во летниот преоден рок.

Голем интерес од повеќе европски екипи има за тренерот Маурицио Сари, на кого кон крајот на мај му истекува клаузулата вредна 8 милиони евра, а на негово место се најавува доаѓањето на Антонио Конте. Всушност, тие би требале да си ги заменат работните места, па Сари да пристигне на „Стемфорд бриџ“, а Конте да долета во Неапол.

Доколку Конте го преземе Наполи, тогаш ќе се случи вистинска реорганизација во тимот. Се најавува заминувањето на неколку фудбалери кои се сега костур на составот, како Дрис Мертенс, Хозе Калјехон, Жоргињо, Хисај, Кулибали, Реина, кој веќе е договорен со Милан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top