| четврток, 6 декември 2018 |

Со денови го славеле освоениот автомобил на наградна игра со фискални, за на крајот да ја дознаат горката вистина

Возач на автобус од Пријепоље, Србија, Златко Несторовиќ (40), доживеал едно од најнепријатни искуства во својот живот со наградната игра „Земи ја сметката и победи“.

Тој собирал фискални сметки, уредно припремил 10 и ги ставил во коверт за наградната игра, а на него го запишал името на неговиот 11-годишен син за среќа. Тоа и му била клучната грешка.

– Помисливме дека Бог го погледна моето дете кога видвме дека нашиот коверт е извлечен за главната награда. Се почувствувавме многу среќни, бидејќи бевме извлечени меѓу толку многу коверти. Малиот се радуваше до бесвест кога го слушна неговото име. Роднини и пријатели ни доаѓаа на гости и ни честитаа, за подоцна целата радост да ни се сруши кога ни кажаа дека наградата не е наша бидејќи правилото гласело дека не може да учестуваат малолетни лица. Брука и срамота, така да си поигруваат со лушето, изјавил Златко за локалните медиуми.

Тој имал пратено уште неколку коверти на негово и на име на неговата сопруга, но вели дека не би сакал да биде извлечен затоа што е тотално разочаран од наградната игра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top