| четврток, 6 декември 2018 |

Јанг Бојс ја освои титулата во Швајцарија, нивниот ривал ги собра аплаузите за честитката: Добро да ни го чувате трофејот (видео)

Тимот на Јанг Бојс по цели 32 години го подигна трофејот во најсилниот шампионат на Швајцарија и барем за момент ја сопре осумгодишната доминација на Базел.

Интересна порака испрати Базел, помалку провокативна, но и уникатна со која му честиташе на својот голем ривал, а за тоа клубот дури и платил реклама на цела страна во најпознатиот тамошен весник „Блик“.

– Ве молиме, чувајте ни го трофејот. Планираме во следната сезона да го вратиме во добра состојба, се вели во нивната честитка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top