Лигата на шампионите вечерва ќе го добие првиот финалист откако полуфиналниот реванш во Мадрид, ќе го одиграат Реал и Баерн Минхен. Реал е поблиску до пласман во своето трето финале по ред откако во првиот меч во Минхен издвојуваа победа од 1-2.
Во реваншот играчите на „кралскиот клуб“ ќе мора да бидат внимателни за да не им се повтори изданието од претходната рунда, кога против Јувентус во последните секунди изборија пласман во полуфиналето.
– Кредитот го потрошивме со победата во Минхен. Не смееме да ги повторуваме истите грешки, мислам дека во реваншот ќе играме со повеќе решителност. Мора да играме како никогаш досега, изјави вчера тренерот на Реал, Зинедин Зидан, кој тимот ќе го составува без повредените Карвахал и Иско.
И во екипата на Баерн вечерва ќе недостасуваат неколку првотимци и тоа Боатенг и Робен, кои се повредија во привот натпревар против Реал, како и Чилеанецот, Артуро Видал кој веќе неколку месеци се мачи со повреда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст