Двајца мажи се повредени по пад во провалија на трим патеката што води од градот кон манастирот „Свети Илија“. Несреќата се случила доцна попладне вчера, а при падот едниот е полесно повреден, а вториот потешко.
Според очевидци, првиот по падот успеал да се задржи на едно дрво во провалијата на само 4 метри од патеката, а другиот бил во дол длабок 25 метри. На местото настанот интервенирале две екипи на Противпожарната единица на Струмица, кои успеале да ги извлечат настраданите и да ги транспортираат во болницата во Струмица.
Според неофицијални информации, оттаму потешко повредениот е пренесен на лекување во Клиничкиот центар во Скопје. На местото на настанот увид извршиле екипи на СВР Струмица и Основното јавно обвинителство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст