Владимир Јовановиќ – Марадона, ММА борец од Србија, бил изрешетан вчераутро околу 7.30 часот пред градинка во Панчево, каде пртходно го оставил своето дете. Како што јавуваат српските медиуми, тој се наоѓа во стабилна состојба иако бил погоден со пет куршуми.
Како што раскажале очевидците, додека Јовановиќ одел кон својот автомобил, од возило кое минувало излегол напаѓачот со качулка на главата и кон него испукал повеќе куршуми. Јовановиќ успеал да се сокрие зад еден бел „Форд“ автомобил кој бил паркиран во близина, а на кој се уште стојат трагите од крвта на пзастреланиот Марадона.
Според информациите на српските медиуми, Владо Марадона, како што бил познат во неговиот роден крај, се бавел со лихварење, па најверојатно причината за овој напад е голем паричен долг. Тој неодамна отворил и менувачница во близина на автобуската станица во Пехчево, а и претходно на неколку пати бил приведуван во полиција за повеќе прекршоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст