
Полициска службеничка вработена во Секторот за внатрешни работи во Велес, тврди дека со месеци трпела мобинг и добивала закани од нејзин надреден, исто така вработен во СВР – Велес. Заканите според тврдењето на полицајката се однесувале за нејзина прераспределба од Велес во Чашка или Богомила, објави телевизија 24.
На ваквите закани, според полицајката, претходела предновогодишната забава на која присуствувале скоро сите организациони единици на СВР – Велес. За време на истиот настан, според исказите на полицајката, високиот полициски службеник неколку пати во текот на ноќта се однесувал недолично спрема неа, вознемирувајќи ја со некултурни и неадекватни гестикулации и барал од неа истата вечер да ја придружува на друга забава во велешка дискотека. Случајот го пријавила во полиција по што следеле дополнителни притисоци од високиот полициски службеник.
– Имав една непристојна понуда од висок полициски функционер која што мене не ми се допаѓаше и секако ја одбив. Неколку пати се обидуваше да ме наведе на тоа, но јас не прифатив Сето тоа се случуваше пред колегите, имам и сведоци за тоа. Во неколку наврати ми рече дека ќе бидам префрлена на друго работно место, нема да работам во Велес. Утрото кога веќе си отидов дома во 5:07 отворив на Фејсбук и видов дека имам порака од него во која што ми пишува само – Чашка, вели Полициска службеничка – СВР Велес.
Целиот настан се одвивал пред очите на неколку колеги на полицајката кои пак дале и свои искази. Според документите до кои дошла ТВ 24, очевидците сведочеле дека високиот полициски службеник цело време ја вознемирувал повлекувајќи ја за рака и обидувајќи се да застане до неа. Со високиот полициски службеник од телевизијата стапиле во контакт, но тој одбил да коментира.
Во првиот телефонски разговор тој потврдил дека ќе даде изјава, но по извесен период од неколку часа истиот се јавил и одби да даде изјава со објаснување дека му треба дозвола и обвинил дека се работи за политички реваншизам од страна на полицајката.
ТВ 24 се обратиле и до Министерството за внатрешни работи. Од таму информирале дека од преземените мерки не постоеле наоди со кои би можеле да ги потврдат тврдењата на полициската службеничка.
– По добиено сознание за извршено вознемирување на полициска службеничка, од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди веднаш е постапено и во текот на месец февруари годинава извршени се проверки во врска со наведениот случај. Од досегашните преземени мерки нема наоди со кои би можеле да ги потврдиме тврдењата на полициската службеничка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


