
Јирген Клоп оваа среда е пред својот важен предизвик како менаџер на Ливерпул, но сосема неочекувано, истиот ќе го пречека без поддршката на својот долгогодишен соработник и прв асистент, Жељко Бувач.
Станува збор за десната рака на Јирген во изминативе 17 години, бидејќи таканаречениот „мозок“ за тактичките замисли во Ливерпул беше дел од стручните штабови на Клоп и во Борусија Дортмунд и претходно во Мајнц. Голем дел од англиските таблоиди пренесуваат дека дошло до големо нарушување на соработката меѓу двајцата добри познаници, а угледниот „Мирор“ тврди дека заминувањето на Бувач од Ливерпул се должи на тоа што Клоп во последно време го отстранил од подготувањето на натпреварите и почнал да го занемарува неговото мислење околу тактичките сугестии.
Оваа одлука доаѓа како голем шок на само два дена пред клучниот меч со Рома во полуфиналето во Лигата на шампионите, а покрај различните шпекулации кои кружат за расипување на односот, Ливерпул излезе со кратко соопштение дека Бувач нема да биде дел од тимот на Ливерпул до крајот на сезоната поради „лични причини“.
По победата од 5-2 во првиот меч, во среда се очекува Ливерпул да обезбеди финале во Лигата на шампионите во реваншот со Рома, а по овие настани, Клоп ќе остане без својот прв советник за најважниот меч во сезоната, финалето во ЛШ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


