
Покрај закочувањето на градбата на експресните патишта Штип – Радовиш, Штип – Кочани и Градско – Прилеп, уште два други експресни патишта со 4 коловозни ленти се закочија со доаѓањето на власт на СДСМ. Причините се исти. Да се прикаже слика дека се од нив почнува. Народот нека си чека и нека гине по старите помалку безбедни патишта, пишува екс-премиерот Никола Груевски на својот Фејсбук профил.
– Експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, со додатно обезбедени средства од Светската банка за проширување и реконструкција на постоечкиот пат Крива Паланка – Бугарска граница, беше пред самиот крај на подготовките кога настана трансферот на власта. Ако немаше промена на власта изградбата на овој експресен пат ќе почнеше во август – септември 2017-та и сега ќе беше готов речиси пола од патот. И за него се обезбеди кредит од Светската банка, се испроектира, се отвори тендер за градба и надзор,…. и дојде СДСМ. Една година подоцна сеуште нема градба.
– Експресниот пат Охрид – Пештани, активисти на СДСМ преку т.н. еколошки НВО финансирани горе – долу сите од еден центар, го стопираа проектот уште година дена пред трансферот на власта. Од она што ми пренесоа соработниците, НВО кренале узбуна кај банката кредитор дека ако се изградел овој експресен пат, ќе засметал на некои птици кои летале од Африка кон северна Европа и баш тука повремено знаеле да се пододморат пред да го продолжат летањето. Банката се исплаши да не биде обвинета дека финансира проект кој ја нарушува еколошката средина и побара некои нови еколошки студии за кои се инвестираа нови пари да се направат. Со доаѓањето на СДСМ на власт, закочена е и оваа капитална инвестиција, проект кој ако не се запреше, денес ќе беше готов и ќе се користеше. Не знам дали Африканските птици навистина местото го користат за кус одмор, ама знам дека во лето на овој пат илјадници туристи секој ден се гушат во возилата и тие 10-тина километри пат кој требаше да се изгради го возат со брзина слична на одењето пешки, и наместо за 5 минути, го поминуваат за саат или два, во некои ситуации и три часа, возејќи многу бавно, испуштајќи со часови многу чад од нивните карбуратори, со што, преку своите возила сериозно го загадуваат воздухот во тој дел, пишува Груевски.
– Промената на ВМРО со СДСМ, доведе од 5 експресни патишта, една година после доаѓањето на СДСМ едвај да се „тетерави со градба“ еден од нив, оној Градско – Прилеп, а за другите се чека народот да оглупи и да заборави кој ги осмислил, кој целосно подготвил проекти, кој обезбедил финансирање, кој спровел постапки, а во некои од случаите и кој почнал да ги гради и делумно ги изградил, додава Груевски кој вели и дека на следните избори, народот ќе покаже кој е глупав, а кој е паметен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


