| четврток, 6 декември 2018 |

Балкански „изум“: Кога многу мразиш да го чистиш шпоретот (фото)

Деновиве на социјалните мрежи брзо се шири  фотографија на која може да се види еден интересен „изум“.

Некому, кој сигурно многу мрази да го чисти шпоретот од масните дамки, му текнало целиот да го прекрие со алуминиумска фолија, а корисниците на социјалните мрежи коментираат и погодуваат дека најверојатно се работи за Црногорец заради мрзеливоста…

Во коментарите, дел од балканците одат и чекор подалеку, велејќи дека ова е одична идеја и дека може да се искористи и за многу други површини низ куќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top