Ракометна Македонија од вчера остана посиромашна за едно големо име, откако во 66 година од животот почина Петар Кузманоски „Таста“. Станува збор за најдобриот ракометар на град Прилеп на сите времиња, откако имаше одлична кариера како играч, тренер и претседател на клубот.
Тој настапуваше за екипите на Куманово и на Тутунски комбинат во периодот од 1968 до 1982 година, а со прилепскиот клуб влезе во Втората лига на Југославија, за во 1982 да игра и квалификации за влез во Првата лига.
По завршувањето на играчката кариера тој беше тренер на женскиот тим на Тутунски комбинат, а потоа имаше и функција како директор на младинската репрезентација на Македонија, на генерацијта што стигна до четвртото место на ЕП во Полска.
Тренерската кариера ја заврши во 2014 година во својот клуб „Таста 107“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


